Во Дормунд се бесни: Судиите решаваат кој ќе биде нов првак на Германија!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд не дојдоа до планираните три бода на синоќешното гостување кај Бохум (1-1), со што му дозволија шанса на Баерн Минхен да се врати на врвот од табелата во Бундеслигата, што донесе голема нервоза во таборот на „милионерите“.

Причина за тоа е големиот револт на сметка на судиите, за кои сметаат дека сериозно ги оштетиле на вчерашниот меч, особено поради недосудените два пенали, кои беа според речиси сите што ја гледаа средбата, но не и за главниот делител на правдата и неговите колеги од ВАР-собата.

„Знаевме дека ќе биде тежок меч. Создадовме многу шанси за да победиме, но не го направивме тоа. На средбата имаше три клучни моменти и сите беа против нас. Несреќно примен гол и два недосудени пенали. Разочаран сум од три одлуки на судиите, особено што се случуваат во ваков дел од сезоната на ова ниво. Ние се бориме за титула, ова може да е животна шанса за нас, животна шанса за мене да освојам титула во Бундеслигата. Ме понесоа емоциите, се извинив на судијата за мојот тон и односот. Го замолив судијата само да го погледне вториот пенал кој не беше досуден, но тој рече 'Не'“, изјави тренерот на Борусија, Един Терзиќ.

Составот од Дортмунд сега има само два бода повеќе од Баерн Минхен, кој има натпревар помалку, в недела на домашен терен против Херта Берлин.