Во 2016, Рамос заедно со детето Јамал излезе на теренот, денеска играат еден против друг! (ВИДЕО)

Интересен момент поврзан со дуелот меѓу Барселона и Севиља, во главна улога се Ламине Јамал и Серхио Рамос.

Јамал кој денеска е стартер во нападот на Барселона, во 2016 година како деветгодишно дете излезе на теренот на Камп Ноу држејќи го Серхио Рамос за рака.

Денеска овие двајца фудбалери на стадионот Монжуик ќе играат еден против друг. Рамос е во стартниот состав на Севиља, а една од задачите ќе му биде да со спречи токму Јамал.