Големо изненадување: Рамос знае кој ќе ја добие „седумката“ на Роналдо

Еден од најпопуларните фудбалски дресови во светот, „седумката“ на Реал Мадрид ќе биде доделена на нова ѕвезда за наредната сезона бидејќи Кристијано Роналдо замина од клубот.

„Диарио гол“ пишува дека Серхио Рамос им открил кој ќе ја добие „седумката“, а станува збор за Марко Асенсио, од кој ќе се очекува многу во новата сезона.

Асенсио се појави на светската сцена во 2016/17, а за краток период ќе добие голема „обврска“ со добивањето на дресот, кој со успех го носеше Кристијано Роналдо во претходните години.

Младиот Шпанец се покажа како важен играч за „кралевите“ во Лигата на шампиони минатата сезона, па поради тоа управата смета дека треба да го добие стариот дрес на Роналдо.