Вистинска машина: Роналдо стигна до голем јубилеј и израмни рекорд на Батистута

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо во неговиот 1000. професионален натпревар израмни рекорд во Серија А, откако постигна гол на 11. дуел по ред.

Јувентус славеше со 2-1 против СПАЛ и така ја зголемија предноста на табелата во Серија А, но триумфот помина во знак на Роналдо, кој израмни рекорд на Фабио Квалјарела и Габриел Батистута.