
Винисиус со емотивна порака се збогува од Бензема (ФОТО)
Винисиус Жуниор со емотивна порака преку социјалните мрежи се збогува со неговиот досегашен соиграч.
„Бензвини, Винзема, како и да е. Резултатот секогаш беше ист: Голови, насмевка, титули и пред сè - учење. Кога едно младо момче дојде во клубот, беше срамежливо и тивко, а ти беше првиот кој ме пречека во Мадрид. Растев со тебе, ја освоивме Шпанија, Европа и светот. Ќе ми недостигаш многу, ти благодарам за сè“, напиша Винисиус.