Винисиус сака да стане сопственик на европски тим

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор решил дека треба да почне со инвестирање на парите, а како што откриваат шпанските медиуми, Бразилецот е еден од инвеститорите кои сакаат да го купат португалскиот второлигаш Алверка.

Алверка е создаден во далечната 1939 година и се наоѓа на западот на Португалија, додека во историјата најчесто играл во втората лига, додека последен пат во Примера настапиле во сезоната 2003/04.

Засега не е познато колку пари планира да потроши Винисиус за купување на клубот, како и кои се неговите планови за инвестирање во тимот.