Вилјареал се спаси од пораз против Кадиз во 96.минута (ВИДЕО)

Вилјареал и Кадиз ремизираа 3-3 во крајно возбудлив натпревар во рамки на 11.коло во Ла Лига. 

„Жолтата подморница“ се наоѓаше пред пораз од 2-3, што ќе беше трет по ред за овој тим, но Арнаут Данџума во 96.минута погоди за 3-3. Гостите имаат за што да жалат, бидејќи имаа водство во 1-3 благодарение на хет-трикот на Антони Лозано, но издржа до последниот свиреж на натпреварот. 

На останатите натпревари денеска во Ла Лига:
Алавез - Елче 1-0
Еспањол - А. Билбао 1-1