Вест хем без проблеми избори осминафинале во ФА-купот (ВИДЕО)

Вест хем немаше проблеми против Донкастер и го совлада со 4-0, па така обезбеди осминафинале, каде што ќе игра и Шефилд јунајтед, кој славеше против Плимут со 2-1.

Форналс во втората минута погоди за 1-0, по што Јармоленко зголеми на 2-0 во првото полувреме. Во вториот дел паднаа уште два гола во мрежата на Донкастер, откако Батлер си постигна автогол (0-3), а конечните 4-0 ги постави Афолајан.

Шефилд одигра многу добар против нисколигашот, па триумфираше благодарение на головите во 39. минута на Башам и 47. минута на Шарп, додека за гостите стрелаше Камара.