Венгер ќе се врати со стил - на клупата на Реал Мадрид?

Арсен Венгер по завршувањето на минатата сезона го напушти Арсенал по 22 години и од тогаш нема нов клуб, односно реши да паузира, но наскоро би можел да се врати на тренерската работа и тоа во еден од европските гиганти.

Реал Мадрид освои само еден бод на последните четири натпревари во шпанската Ла Лига, па тренерот Хулен Лопетеги се соочува со отказ, но не е позната неговата замена.

Сепак, француските медиуми пишуваат дека Арсен Венгер води пред останатите кандидати за тренерската позиција и наскоро би можел да ги преземе „кралевите“.

Реал сакаше и во минатото да го ангажира Венгер, но Французинот беше верен кон Арсенал, но сега е слободен и можеби претседателот Флорентино Перез ќе ја искористи својата шанса.