Великаните чекаат, а Де Лихт им порача: Одам на одмор, па ќе видиме што ќе изберам!

Холандскиот суперталент Матијс Де Лихт од Ајакс веќе со месеци е мета на најголемите европски гиганти за негов ангажман, но прашањето за својата иднина младиот стопер ќе ја донесе откако добро ќе се одмори.

Иако сите очекуваат каде ќе замине 19-годишното момче кое е капитен на Ајакс и веќе со над 100 меча во дресот на великанот од Амстердам, одлуката тој ја одложи веднаш по поразот со „лалињата“ во синоќешното финале во Лигата на нации од Португалија со 0-1.

Според последните информации, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен се трите тима кои чекаат што ќе реши Де Лихт и кој клуб ќе го избере. А, младиот дефанзивец порача дека изборот ќе падне на клубот каде што мисли и ќе добие најголема шанса да игра.

„Одам на одмор. Допрва ќе размислам што е најдобро за мене и потоа ќе донесам одлука. Најважно за еден млад фудбалер е да игра, а тоа е единствено што знам во моментов. Не сум одбрал каде ќе играм, ќе видиме “, рекол Де Лихт.