Веќе нема дилеми, Покетино го потпиша договорот со Челси!

Гласините се остварија, Маурисио Покетино ќе биде нов тренер на Челси, тој ставил потпис на тригодишен договор, наскоро и официјално ќе биде презентиран.

Покетино и Челси пред две недели постигнаа вербален договор, а сега тој и официјално е потпишан. Договорот е со трајност до јуни 2026 година.

Челси наскоро и официјално ќе објави дека тој ќе биде новиот тренер. Тоа веројатно ќе се случи по денешниот меч од последното коло во Премиерлигата.

Покетино од следната недела ќе почне со работа во Челси.