Веќе нема дилеми: Лионел Меси останува во Барселона до 2021 година

Лионел Меси и Барселона по долги преговори конечно ставија потпис на нов договор. Аргентинецот беше цел на многу шпекулации кои го поврзуваа со заминување во таборот на Манчестер сити, но сите тие информации денеска паднаа во вода.

Меси ќе остане во таборот на Барселона барем до 2021 година, а во новиот договор има откупна клаузула од 700 милиони евра.

Тој за „каталонците“ одигра 602 натпревари и постигна 523 голови. Со клубот освои дури 30 трофеи речиси во сите натпреварувања.