Веќе нема дилеми, Де Брујне потпишува за Наполи - познати се деталите!

Големата белгиска ѕвезда, Кевин Де Брујне по обврските со репрезентацијата, патува во Неапол каде ќе го комплетира трансферот со италијанскиот шампион.

Де Брујне кој само пред неколку дена беше во Скопје и играше против Македонија, а потоа донесе победа за Белгија против Велс, во следната сезона ќе го носи дресот на Наполи.

Италијанските медиуми објавуваат детали. Де Бујне во четврток ќе биде во Наполи, до крајот на неделата ќе ги комплетира медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.

Де Брујне имаше богати понуди од Саудиска Арабија, но и од САД. Белгиецот сепак се реши да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво и го одбрана Наполи.