Варди брутално ги истрола навивачите на Тотнем: Ние имаме една титула, вие - нула (ВИДЕО)

Лестер и Тотнем одиграа нерешено (1-1) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, а голот за „лисиците“ на враќањето во елитата го постигна Џејми Варди.

Ветеранот подоцна имаше и свое шоу на теренот откако одлучи да им одговори на навивачите на лондонскиот клуб кои постојано го прозиваа. Во 79. минута, додека го напушташе теренот, тој се сврте кон нив и покажа на грбот на Премиер лигата и подигна еден прст, алудирајќи на шампионската титула од 2016 година. Тука не беше крајот бидејќи покажа кон нив и со прстите направи нула која го претставува бројот на титула на Тотнем во Премиер лигата.

На неговиот потег реагираше фудбалерот на Тотнем, Ромеро, но Варди и со него влезе во вербален дуел и жестоко опцу пред да замине на клупата.