Ван де Бек се сели во Ла Лига, Жирона и Јунајтед постигнаа договор со многу клаузули!

Холандскиот фудбалер, Дони ван де Бек конечно ја заврши неуспешната авантура во Манчестер јунајтед, тој потпиша пермантентн договор со Жирона, трансферот наскоро и официјално ќе биде објавен.

Договорот меѓу Жирона и Манчестер јунајтед не е едноставен, има повеќе клаузули.

Шпанскиот клуб првично ќе плати само 500.000 евра за овој трансферот, но има лесно остварливи бонуси кои достигнуваат до 4/5 милиони евра.

Потоа има потешко остварливи бонуси кои достигнуваат до 15 милиони евра.

Манчестер јунајтед ќе има и голем процент од следната продажба на Ван де Бек.

Договорот на Холанѓанецот со Жирона е со трајност до јуни 2028.