Валенсија загуби од Селта, Хетафе ремизираше со Атлетик Билбао

Селта Виго успеа да слави во второто коло од шпанската Ла Лига против Валенсија со 1-0 на домашен терен.

Домаќините стигнаа до водство во 15. минута преку Фернандез, а во продолжение од средбата имаа уште неколку шанси, но не успеаа да ги искористат.

На вториот вечерашен меч Атлетик Билбао водеше од шестата минута преку голот на Гарсија, но во 12. минута Мата израмни и ги постави конечните 1-1.