Валенсија никако да победи: Гранада освои бод во 86. минута (ВИДЕО)

Валенсија не успеа да победи на гостувањето кај Гранада (2-2) во 34. коло од шпанската Ла Лига.

Во второто полувреме беа постигнати сите четири голови. Најпрво Гранада преку Фернандез поведе со 1-0, по што Валехо израмни на 1-1, а Гуедеш направи целосен пресврт (2-1).

Гранада не се предаваше до крајот на мечот, па во 86. минута преку Феде ги постави конечните 2-2.

Валенсија има 47 бодови, колку и Гранада на деветтата позиција на табелата во Ла Лига.