Валенсија ќе добие нов стадион од 322 милиони евра (ФОТО)

Шпанската екипа Валенсија соопшти дека ги обезбеди парите за изградба на нов модерен стадион вреден 322 милиони евра, кој треба да биде готов до 2027 година.

Клубот на Столе Димитриевски соопшти дека новиот стадион ќе има капацитет од 70.000 гледачи и ќе биде еден од најголемите.

Валенсија во иднина сака да го кандидира новиот дом за одржување на финале во некое европско натпреварување, но исто така се очекува на него да заиграат репрезентации на Европското првенство (ЕП) во 2030 година.