
Дарко Ѓукиќ се врати во Македонија - ќе игра за Охрид! (ВИДЕО)
Ѓукиќ се враќа во македонскиот ракомет, откако минатата сезона ја помина во Динамо Букурешт, а во следните две години треба да го носи дресот на Охрид.
„Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид“, кажа Ѓукиќ.
Србинот претходно играше за Вардар и Металург во Македонија, како и за Кјелце, Мешков Брест, Бешикташ и Спортинг.
Фото: EPA PHOTO