Арсенал активира „бомба“: Артета сака да купи ѕвезда на Челси

Англискиот вицешампион Арсенал долго време бара нов напаѓач, а во изминатиот период се поврзуваше со Бенјамин Шешко и Виктор Ѓокереш, меѓутоа лондонскиот гигант се решил за поинаква опција.

Тренерот Микел Артета наводно сака да ангажира уште една ѕвезда на Челси, откако неодамна потпиша со голманот Кепа Аризабалага, а тоа е напаѓачот Николас Џексон.

Џексон пристигна кај „сините“ и многумина очекуваа да доминира на теренот, меѓутоа напаѓачот не се прослави во Челси, па наскоро би можел да го засили ривалот од „Емирати“.

Репрезентативецот на Сенегал минатата сезона настапи на 36 меча за Челси, а притоа постигна 13 голови и шест аситенции, по што „сините“ решија да го купат Лијам Делап.

Фото: Facebook/Arsenal FC