Квартараро најбрз на квалификациите пред трката во Холандија

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро со неговата Јамаха ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Холандија.

Квартараро имаше време од 1.30,651 и така зад себе го остави Франческо Бањаја од Дукати, додека од третата позиција ќе тргне Алекс Маркез од Гресини.

Лидерот во генералниот пласман Марк Маркез повторно нема да тргне од првиот ред, затоа што заврши на четвртата позиција во квалификациите.

Трката за Големата награда на Холандија се вози в недела од 14 часот.

Фото: EPA PHOTO