Ивановски немоќен против Башиќ во полуфиналето на турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се избори за финале на турнирот во Загреб, откако денеска беше поразен од Мирза Башиќ со 0-2 во сетови, односно 4-6 и 4-6.

Ивановски по голема борба го загуби петтиот гем на свој сервис (2-3) во првиот сет, по што Башиќ без проблеми сервираше во продолжение и славеше со 6-4.

Во вториот сет двајцата тенисери понудија поголема борба, при што беа забележани три брејка од кои два во корист на Башиќ за на крајот повторно да стигне до 6-4.