„Опта“ го објави фаворитот за освојување на Светското клупско првенство

Светското клупско првенство влегува во вториот дел од натпреварувањето, односно нокаут-фазата каде што екипите ќе се борат да стигнат до пехарот, а во меѓувреме компанијата за анализа и статистика „Опта“ објави кој е фаворит.

„Опта“ објави дека ПСЖ имаат шанса од 20,6 отсто за освојување на титулата, а по нив следи Манчестер сити со 20,4 проценти, а на третата позиција е Интер со 12,4%.

По нив следат Баерн Минхен со 11,3 отсто, Челси со 10,4 проценти и Реал Мадрид со 9,7% додека Борусија Дортмунд и Бенфика имаат најмали шанси да триумфираат на натпреварувањето.