
Вајлдер го претепа Херндон за прва победа по речиси три години (ВИДЕО)
Американскиот боксер има 39 години, но не се откажува од кариерата иако запиша неколку тешки борби во претходните години, а тоа го покажа во рингот против Херндон.
„Бронзениот бомбардер“ со тешки удари во седмата рунда го натера судијата да го прекине мечот и да го прогласи Вајлдер за победник.
„Ова беше долг пат за мене. Мило ми е што се вратив во рингот. Станувам сè подобар“, кажа Вајлдер.
— FightsCenter (@combat2747) June 28, 2025
Фото: EPA PHOTO