Валенсија ги разочара навивачите, загуби од последниот тим во Ла Лига! (ВИДЕО)

По двете победи во низа, Валенсија денеска им приреди разочарување на своите навивачи со пораз од Овиедо (1-0), последниот тим на табелата.

Единствениот гол на натпреварот домаќинот го постигна по половина час кога македонскиот голман Столе Димитриевски беше немоќен. Овиедо имаше и уште неколку одлични прилики кога Димитриевски одлично реагираше, сепак на крајот неговиот тим мораше да се помири со поразот.

Валенсија притисна и се обиде да израмни во завршницата, меѓутоа Овиедо се одбрани и ги освои бодовите.