Уште еден голем проект на повидок: ПСЖ добива сериозен градски ривал!

Париз Сен Жермен во блиска иднина би можел да добие сериозен градски ривал откако стигна потврдата за новите газди на второлигашот Париз.

Фудбалскиот клуб Париз доби нови сопственици и во иднина со него ќе раководата „Агаче спортс“ и „Ред Бул“. Новите сопственици најавуваат нова ера во која ќе се обидат да станат сериозен ривал на Пари Сен Жермен.

Семејството Арно кој е сопственик на еден од најпознатите модни брендови, „Луј Витон“ со својата компанија откупи најголем дел од акциите, дури 52.4'%. Со него доаѓа и Ред Бул со 10.6% акции. Остатокот е во сопственост на Алтер Париз (29.8%) и компанијата БРИ (7.2).

Бројките се поинакви од она што претходно се најавуваше во медиумите, но тоа не го менува фактот што сега овој клуб има далеку поголеми амбиции. Париз во овој момент е лидер во Лига 2 и се очекува да избори промоција во најсилниот ранг, а потоа и да биде посебно активен во летниот преоден рок.