Унион Берлин го доби градското дерби и се израмни на врвот со Баерн Минхен (ВИДЕО)

Унион Берлин го доби градското дерби со Херта, триумфирајќи со 2-0 попладнево за да дојде до исто бодовно салдо со првакот Баерн Минхен, кој допрва треба да го одигра својот меч во оваа 18-та рунда во германската Бундеслига.

Данило Доеки минута пред полувремето донесе водство за Унион Берлин, па Пол Сегин на асистенција на Шералдо Бекер ја дуплираше предноста и ја обезбеди победата за Унион и за продолжување на трката за шампионската титула со недопирливите Баварци, кои цела деценија доминираат во германскиот фудбал. Херта со поразот остана претпоследна како еден од фаворитите за испаѓање.

За Унион Берлин ова беше трета победа во низа откако почна вториот дел од сезоната во германската елита и сега имаат 36 бода колку и Баерн на првото место, а трет е РБ Лајпциг со 35 бода, додека Фрајбург со 34 е четврти откако славеа денеска со 3-1 против Аусбург

Борисија Менхенгладбах со 4-1 го здроби Хофенхајм на гостувањето, а Мајнц му се истури на Бохум и победи со 5-2, иако триумфот можеше да биде и поубледлив зашто домаќините имаа и 4-0 до средина на вториот дел.

Баерн од 18.30 часог го игра дербито на колото со Ајнтрахт Франкфурт.