Ученикот го менува учителот: Гатузо седнува на клупата на Наполи
Претседателот Аурелио де Лаурентис ги казни финансиски играчите поради тоа што не ја послушаа неговата наредба за карантинт, па се случи вистински бунт. Јасно е дека тој не може да го смени целиот состав, па жртва на лошата ситуација помеѓу играчите и управата ќе биде тренерот Анчелоти.
Според италијанските медиуми, искусниот стратег имал кризен состанок со фудбалерите, кој не завршил баш најдобро. Фудбалерите веќе немаат подршка за Анчелоти најмногу затоа што тој наводно не ги одбранил од Де Лаурентис.
Џенаро Гатузо е прв фаворит да седне на клупата на „наполитанците“. Тој е слободен агент откако по завршувањето на минатата сезона се раздели од Милан. Сега тој во Наполи ќе го менува човекот кој му беше тренер цели осум сезони во редовите на „росонерите“.