Убедлив пораз за Рајо и за Димитриевски за крај на сезоната во Ла Лига! (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано беше поразен со 0-3 на гостувањето кај Мајорка во последното, 38. коло во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше на голот 90 минути и успеа да го сочува празен во првите 45. Сепак, по само пет минути во вториот дел „пукна“ одбраната на Рајо, прво со голот на Муриќи, а до крајот погодија и Копете и Родригез.

Овој пораз, четврти во последните пет меча за Рајо, го потисна една позиција подолу на табелата, бидејќи токму Мајорка го прескокна. Рајо ќе заврши на 11. место со 49 бода, а неговиот вечерашен противник дојде до 50, на деветтото место.