Уапсени над 100 вооружени навивачи на Рома пред мечот во Ница (ВИДЕО)

Француската полиција уапси повеќе од 100 навивачи на Рома пред натпреварот против Ница во Лига Европа.

Медиумите пишуваат дека италијанските фанови сакале да испровоцираат пресметка со навивачите на Ница.

Безбедносните камери ѝ помогнале на полицијата да ги пресретне навивачите и да им одземе железни предмети, ножеви и боксирачи.