Тухел сака да го преземе Манчестер јунајтед, но бара засилување од Барселона!

Холанѓанецот Ерик Тен Хаг го преживеа кризниот состанок на управата на Манчестер јунајтед, но како минува времето, така сè повеќе се зголемува притисокот врз него и наскоро се очекува да добие отказ освен ако не се случи чудо во меѓувреме.

Шпанските медиуми пишуваат дека Германецот Томас Тухел е главен кандидат за кормилото на гигантот од „Олд Трафорд“, но пред управата на „црвените ѓаволи“ веќе поставил голем услов.

Тухел, наводно, е подготвен да ги преземе „ѓаволите“, но само ако премиерлигашот ги обезбеди услугите на Роналд Араухо од Барселона.

Араухо сè уште не потпишал нов договор со Барселона, која инсистира наскоро да почне преговори со дефанзивецот, а Јунајтед во меѓувреме ќе се обиде да го откупи неговиот договор, но за тоа ќе им бидат потребни најмалку 70 милиони евра.

„Ѓаволите“ во моментов се на 14. место во лигата со само осум освоени бода по седум одиграни натпревари.