Тројца главни кандидати за менаџер на Челси: Двајца се од Чемпионшип

Челси откако спогодбено го раскина договорот со Маурисио Покетино по само една сезона, сега е во потрага по нов менаџер. 

Многу имиња се споменуваат како можни кандидати да седнат на клупата на „Стемфорд Бриџ“, но според шпекулациите тројца се главни кандидати. 

Едно од имињата кои најмалку се споменува е Томас Франк од Брентфорд, но тој е исто така на листата на желби на „сините“. Следните двајца кандидати доаѓаат од Чемпионшип дивизијата, односно двајца менаџери кои ги водеа своите тимови до пласман во Премиерлигата. 

Првиот е Енцо Мареска од Лестер сити, а вториот е Киран Мекена, кој направи чудо со тимот на Ипсвич. Според букмејкерите во Велика Британија, моментално најмногу шанси да биде нов менаџер на Челси има Енцо Мареска. 

Наводно Италијанецот добил и дозвола од Лестер да преговара со Челси.