Тричковски се зацврсти на првото место на најдобри стрелци на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува да игра во врвна форма во кипарскиот шампионат, откако денеска повторно постигна гол во победата на АЕК Ларнака од 2-1 против Докса. 

Нашиот напаѓач го отвори резултатот во 14-тата минута откако реализираше со глава. Тричковски играше до 69-тата минута, кога ја напушти играта. Само неколку минути подоцна Докса израмни на 1-1, но АЕК се спаси во судиското продолжение и постигна победнички гол.

Цел натпревар за АЕК го доигра дефанзивецот Даниел Мојсов, додека за Докса не настапи Душко Трајчевски.

Тричковски сега се одвои на првото место на листата на стрелци во кипарскиот шампионат со десет погодоци.