
Тричковски продолжува да ги тресе мрежите во кипарското првенство
На натпревар од 20. коло во кипарската прва лига, АЕК Ларнака води со 0-1 и е на добар пат да дојде до осмата сезонска победа со која ќе се доближи на еден бод до четвртопласираниот Аполон.
Инаку, ова е седми гол на последните четири меча за Тричковски, а воедно е прв стрелец сезонава во Првата лига на Кипар со 19 погодоци, пет повеќе во однос на дторопласираниот Рајо, од тимот на Анортозис.