Трета мајка: Мурињо повторно во орбитата на Челси

Обложувалниците во Велика Британија значително ги намалија квотите на Жозе Мурињо за нов менаџер на Челси, па португалскиот стручњак е трет фаворит за клупата на лондонскиот клуб.

Пред него се Ендо Мареска од Лестер и Рајан Мекена од Ипсвич, а во втор план се Рубен Аморим, Роберто де Ѕерби, Томас Франк итн.

„За нешто повеќе од половина час, добивме многу облози дека Мурињо повторно ќе биде менаџер на Челси, без оглед на најавите од клубот дека би сакале помлад стручњак“, изјавил претсавник на една од обложувалниците во Англија.

Мурињо два пати досега беше менаџер на Челси, прво од 2004 до 2007 година кога освои две титули во Премиер лигата, два трофеја во Лига купот и по еден во ФА и Супер купот, а потоа и од 2013 до 2015 кога триумфираше во Премиер лигата и Лига купот.