На Роналдо му беше поништен гол, па тренерот со телефон бараше правда кај судијата (ВИДЕО)

Ал Хилал славеше со убедливи 3-0 против Ал Наср во големото дерби од 15. коло во саудиската лига, а мечот го одбележа и една интересна ситуација во 73. минута кога му беше поништен гол на Кристијано Роналдо.

Роналдо постигна гол за 1-1, но набрзо истиот беше поништен поради офсајд, меѓутоа одлуката не му се допадна на тренерот Луис Кастро.

Кастро ја погледна ситуацијата на својот телефон и со снимката тргна кон судијата да бара правда за Роналдо.