Трајковски одигра 57 минути, Мората и Коке ја урнаа Мајорка (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид ја совлада Мајорка со 3-0 во 34. коло од шпанската Ла Лига, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски одигра 57 минути.

Мората од пенал донесе водство во 29. минута, по што Шпанецот стрелаше и вторпат во 49. минута.

Во второто полувреме Коке ги постави конечните 3-0 и му донесе три бода на Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид има 62 бодови, односно осум помалку од Барселона и 12 помалку од Реал Мадрид.