Тоти по 30 години заминува од Рома

Франческо Тоти донел важна одлука да ја напушти Рома, а во понеделник на конференција за новинари официјално ќе го потврди тоа.

Италијанецот уште во мај размислувал да се повлече од управата, но дури сега донел конечна одлука.

Тоти, наводно, не е задоволен со одредени избори на клубот, па поради тоа смета дека е време да се разделат, иако во клубот е од 1989 година, кога како 13-годишно момче стигна во академијата.

Три години подоцна беше приклучен на првиот тим, а дебитираше на 28 март 1993 година, кога Вујадин Бошков му даде шанса на само 16 години.

Легендарниот фудбалер се повлече од фудбалот во 2017 година, по 786 одиграни меча и 307 постигнати гола.