Тоти: Калчото ни е многу паднато, никој повеќе не обрнува внимание на квалитетот!

Италијанското Калчо веќе цела деценија има сериозен пад во квалитетот, што најдобар доказ е ниту еден европски трофеј во европските натпреварувања, со само три финалиња (две на Јувентус во ЛШ – 2015 и 2017) и едно на Интер (Лига Европа во минатата сезона).

Уште од интеровата европска круна со Горан Пандев во тимот, ниту еден калчолигаш на европската сцена не стигна до пехар, па шпанската Ла Лига, англиската Премиерлига и германската Бундеслига во моментов по квалитет се далеку пред Италијанците, а една од најголемите легенди во Калчото, Франческо Тоти признава дека не се споредува квалитетот од 90-те и првата деценија од 21-от век со актуелната ситуација.

Тоти со Рома во 2001 година стана првак на Италија, а со „аѕурите“ стигна до светската титула на Мундијалот во Германија, втор најдобар стрелец е во Калчото на сите времиња и легенда на „волчицата“, каде ја мина целата кариера.

„Невозможно е да се споредува тогашниот фудбал (90-ти и првата деценија од 21-от век – н.з) со сегашниот фудбал во Калчото. Тогаш дури и најслабите фудбалери беа висок квалитет, дури и најслабите тимови имаа извонредни фудбалери. Дури и кога одевме во Бреша или Болоња, имаше неверојатни играчи. Сега квалитетот е многу паднат, ми се чини дека повеќе никој не обрнува внимание на квалитетот. Сѐ е сведено да се изградат некакви фудбалери“, вели Тоти.