Толку беше: Руни повеќе не е менаџер на Плимут
Членот на Чемпионшип денеска објави дека соработката е раскината со взаемен договор, а Руни го остава тимот како последнопласиран на табелата во втората по ранг англиска дивизија.
„Би сакале да му се заблагодариме на Вејн за неговото залагање и да му посакаме многу среќа во иднина“, соопшти Плимут во краткото соопштение.
Заедно со Руни си заминува и асистентот Мајк Филан, а екипата на утрешниот натпревар против Бристол ќе ја водат досегашниот помошник Кевин Ненскивел и капитенот Џо Едвардс. На 23 натпревари како менаџер на Плимут, Руни оствари само четири победи и освои вкупно 18 бода.