Титулата во Серија А сѐ уште „виси“: Јуве киксна - Наполи си победи! (ВИДЕО)

На пет кола до крајот на првенството, борбата за титулата во Серија А уште е неизвесна. Барем се создадоа услови за тоа, откако вечерва Јувентус одигра 1-1 на гостувањето кај Кротоне, а Наполи си победи против Јувентус.

Јувентус поведе на гости кај екипата која е во зоната за испаѓање. Во 17. минута Алекс Сандро реализираше на додавање на Даглас Коста, но Кротоне се врати во вториот дел. Откако неколку играчи ја удрија топката или, барем, се обидоа во шеснаесетникот на Јувентус, Нигериецот Сими извади од ракав атракција и со ножички, од 15-тина метри од голот го совлада Шчесни. Јуве имаше иницијатива, но не и доволно убоитост за да го врати водството.

За таа сметка, Наполи го победи Удинезе со 4-2 и ја намали разликата на табелата. Гостите двапати водеа, преку Јанкто во финишот на првиот дел, пред Инсиње да изедначи во судиското продолжение и преку Ингелсон на почетокот од второто полувреме. Сепак, потоа следуваше стрелба на Наполи, со три гола за неполни 11 минути, а се потпишаа Милик, Албиол и Тонели. Сега Јувентус има 85 бода, Наполи 81, а во следното коло, в недела, играат меѓусебно во Торино. 

 

Изненадување во Торино го снајде и Милан, против истоимениот домаќин. Откако водеше со 1-0 по првиот дел со прекрасен гол на Бонавентура, мечот заврши со 1-1. Најголема возбуда, сепак, имаше на соочувањето меѓу Фиорентина и Лацио, кое заврши со 3-4, а Рома славеше со 2-1 против Џенова.

 

СЕРИЈА А, 33. КОЛО Кротоне - Јувентус 1-1 Наполи - Удинезе 4-2 Рома - Џенова 2-1 Фиорентина - Лацио 3-4 Торино - Милан 1-1 Верона - Сасуоло 0-1 Сампдорио - Болоња 1-0 Беневенто - Аталанта 0-3 СПАЛ - Киево 0-0