Тевез заврши во болница, почувствувал болка во градите!

Поранешниот аргентински фудбалер Карлос Тевез бил хоспитализиран во Буенос Аирес откако се пожалил на болка во градите.

Индепендиенте објави дека нивниот тренер за среќа во моментов се наоѓа во добра состојба и ги очекуваат резултатите од дополнителните медицински прегледи.

Аргентинските медиуми пишуваат дека причина за оваа состојба на Тевез бил големиот стрес во изминатиот период.

Тевез сè уште не се јави од болнички кревет за да открие како се чувствува.