„Тешко ми е да заспијам, сакам времето да запре...“ (ФОТО)
Навас е вистинска легенда на Севиља, тој е фудбалерот со најмногу настапи за овој клуб и најмногу трофеи во историјата.
Денеска против Селта, Навас го игра последниот натпревар на „Рамон Санчез Пизхуан“ во својата кариера.
Навас ноќеска не можел да заспие, па тоа го напиша на социјалните мрежи.
„Тешко ми е спијам, сакам времето за запре… Многу спомени и емоции проживеавме заедно, неверојатно е колку многу љубов ми покажавте. Среќен сум за сè, ах само колку те сакам моја Севиљо“, напиша Навас.
39-годишниот фудбалер, по овој натпревар, ќе има прилика да одигра уште еден и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ да стави крај на успешната кариера.
Хесус Навас беше блиску до пензија уште минатото лето, но тогаш се случи неверојатен пресврт, Севиља му понуди доживотен договор и опција да бира каква позиција сака да има во клубот, а тој реши да одигра уште шест месеци и тоа бесплатно, сите пари ќе бидат донирани во добротворни цели.