Тажна слика: Детенце плачеше поради елиминацијата на Арсенал (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал вчера доживеа изненадувачка елиминација од Саутемптон и така остана без шанса за трофеј и во ФА Купот.

Претходно беа поразени во Карабао купот, сега за трофеи до крајот на сезоната ќе се борат во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Елиминацијата во четвртфиналето тешко им падна на фановите, а тоа можеше да се забележи и по реакцијата на едно детенце кое разочарано од поразот плачеше во прегратките на човекот со кого го следеше натпреварот.