Талентот не е спорен: Холандија има нова фудбалска надеж - син е на Гулит, а внук на Кројф

Холандија има ептен талентирана генерација на млади фудбалери, а еден од нив е 17-годишниот Максим Гулит, кој е син на легендарниот Руд Гулит и внук на Јохан Кројф.

Талентираниот тинејџер ги одигра последните 19 минути за вториот тим на АЗ Алкмар со шампионот Твенте во Втората лига на Холандија.

Максим е дефанзивец, кој вообичаено игра за екипата на Алкмар до 19 години, но поради неговиот квалитет напредуваше едно скалило нагоре.

Навивачите на Алкмар се надеваат дека младиот Максим во иднина ќе стане еден од најдобрите дефанзивци, па ќе изгради голема кариера.