Стоечки овации за Андрес Иниеста: Фудбалерот не можеше да ги задржи солзите (ВИДЕО)

Андрес Иниеста синоќа за последен пат ја предводеше Барселона како капитен во едно финале, бидејќи позавршувањето на сезоната си заминува од клубот.

Во победата од 5-0 против Севилја во финалето на шпанскиот Куп, тој учествуваше со еден погодок. Тренерот Ернесто Валверде реши да го извади од игра во 88-та минута, а целиот стадион „Ванда Метрополитано“ во Мадрид стана и му даде аплауз на Шпанецот. Иниеста на клупата не можеше да ги задржи емоциите и се расплака. Можете да навивате за било кој клуб, но Андрес Иниеста не можете да не го сакате. Ќе остане запаметен како вистински фудбалски џентлмен и пред сè класа фудбалер.

Од 2001 година до сега Иниеста освои 31 трофеј со Барселона, а оваа колекција ќе се зголеми за плус уште еден, бидејќи шампионската титула во Ла Лига му е на дофат. Досега одигра 668 натпревари за Барселона и постигна 56 голови. На крајот од сезоната заминува во Кина.