Стадионот на Галата станува прв кој ќе биде енергетски самоодржлив во светот

Турскиот гигант Галатасарај направи револуционерен потег и објави на социјалните мрежи дека кровот на нивниот стадион „Турк Телеком Арена“ ќе биде исполнет со соларни панели.

Стадионот кој собира 52.650 гледачи беше изграден во 2011 година, кога се пресели Галатасарај од стариот стадион, а 10 години по изградбата, екипата се реши на подобрување на нивниот дом.

Ќе бидат поставени околу 10.000 соларни панели и така стадионот ќе стане прв кој ќе биде енергетски самоодржлив.