Спортинг и Ристовски одбиваат да го играат финалето во Купот на Португалија (ФОТО+ВИДЕО)

Невиден инцидент го потресе португалскиот фудбал, откако група од 50 хулигани, т.н. навивачи на Спортигн Лисабон, влетаа во тренинг-кампот на тимот и сакаа физички да се пресметаат со фудбалерите

Медиумите шепкулираат дека главна цел на хулиганите биле капитенот, Вилијам Карваљо, заменик капитенот Руи Патрисио и тренерот Жорге Жезуз. За среќа овие тројца не се повредени, но повреден е најдобриот голгетер на Спортинг, Бас Дост, кој заработи исекотини на главата и нозете.

„Немам зборови со кои би ја опишал оваа ситуација, која воопшто не ја очекував. Навистина беше стресно и сите бевме во шок. Ова беше вистинска драма и немам зборови“, вели Холанѓанецот.

Нападнат е и клупскиот доктор, кој бил прободен со нож во ногата. Поради сериозноста на инцидентот дел од фудбалерите на клубот веќе побарале раскин на договорите, бидејќи стравуваат за својата безбедност во Лисабон.

Последните најави од медиумите се дека фудбалерите не сакаат ниту да играат во недела во финалето на Купот на Португалија во знак на протест поради овој страшен инцидент, кој ја шокираше јавноста. Финалето се игра на стадионот „Насионал“, а противник на Спортинг е тимот на Авеш.