Спировски две години во Хапоел Тел Авив - ќе заработи 315.000 евра!

Израелски медиуми објави дека македонскиот репрезентативец Стефан Спировски потпишал двегодишен договор со Хапоел Тал Авив, кадешто пристигнува од Ференцварош.

Македонскиот фудбалер ќе добие 150.000 евра во првата сезона од новиот клуб, додека во втората година од договорот му следува зголемување, односно ќе добие 165.000 евра.

„Играв неколку пати во Израел, а можам да кажам дека атмосферата тука е прекрасна“, кажа Спировски за израелските медиуми.

Спировски претходно во кариерата настапуваше за Вардар, Работнички, Борец Чачак, Пелистер и Берое.