Спектакуларен гол со лоб на Наташа Андонова – како Кавани неодамна од 40 метри! (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова постигна спектакуларен гол со лоб од 40-на метри, многу сличен на погодокот на уругвајската ѕвезда Единсон Кавани во завршницата од Премиерлигата, кога ѕвездата на Манчестер јунајтед погоди слично од иста дистанца во последното коло.

Андонова даде гол за триумф со 4-0 против Атлетик Билбао, со што нејзиниот клуб Леванте обезбеди пласман во Лигата на шампионите.